Националниот сојуз на слепите на Република Македонија претставува национална инвалидска организација од посебен јавен интерес која уште од далечната 1946 година се грижи за заштита и унапредување на правата на слепите и слабовидните лица.

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија претставува единствен легитимен претставник на повеќе од 2550 слепи и слабовидни лица кои имаат оштетување на видот поголемо од 90 %.
НССРМ во рамките на својата плодна соработка со Христијански центар ОАЗА од Штип и со организацијата на Др.Чарлс Стенли од Соединетите Американски Држави благодарение на Фондацијата на Др.Чарлс Стенли обезбедивме  соларни аудио плеери за слепи лица.
Соларните аудио плеери за слепи лица се тифло-технички помагала за слепи лица за репродуцирање на аудио книги.Истите имаат функција на МП3 плеер како и радио функција за слушање на локални и анционални радио станици.
За слабовидните лица има и батериска ламба која им служи за осветлување.Соларните аудио плеери покај батерија која се полни со стандарден полнач имаат и соларен панел за полнење на соалрна енергија, па нашите членови нема потреба да се грижат дека ќе останат без батерија на својот плеер.
Нашите читатели можат да уживаат случајќи го Новиот завет на Библијата кој им е вграден во соалрниот аудио плеер на македонски и на англиски јазик.Секако на располагање им стои и ризницата на македонски аудио книги.
НССРМ направи обиколка на секое здружение на слепи лица, на секој град, во најнедостапните места, се со една единствена цел директен и непосреден контакт со своите членови притоа покажувајќи ја грижата за правата на лицата со најтешкиот вид и облик на инвалидност на дело.

[Best_Wordpress_Gallery id=”316″ gal_title=”nssrm16″]