Неколку членови овој месец беа во посета на балканската организација Лоја, поканети од страна на нивни претставници. Центарот за балканска соработка ЛОЈА е невладина, непрофитна организација без политичка припадност. Нејзините главни активности се во областа на образованието и културата. Едукативните активности Лоја се одржуваат на формалните институционално ниво и неформално локално ниво. Културните активности Лоја се посветени за подобрување на културниот и социјалниот живот и меѓуетничките односи во Македонија и Балканот.

Со своите иновативни програми и активности, Лоја е воспоставување на потребните предуслови за културна продукција и анимација, вклучување на креативни поединци и групи, културни организации и институции, како и на сите етнички и социјални заедници во регионот. Накратко ве запознавме со организацијата Лоја која Здружението на слепи лица Тетово ја започна овој месец заедничката соработка со една тркалезна маса во која учествуваа нашите помлади членови, а иницијативата за нашето повикување беше од страна на млади волонтери од таа организација. Целта на ова тркалезна маса е нашите членови да си ги искажат нивните проблеми кои секојдневно се соочуваат, дека нашето здружение има проблеми со образованието, вработувањето, како и потреба од персонални волонтери, кои од нивна страна во иднина ќе ни обезбедат. Разговаравме и со раководителот на таа организација и во иднина ќе ни помогнат во изведување на дел од нашите активности според предвидената програма, како што е обука на компјутери, учење на странски јазик, одржување на концерти на најмлади наши талентирани членови, презентација на филм по желба на нашите членови и др, обезбедување на нашите членови со некои помагала, спортски активности. Во иднина се надеваме дека ќе продолжи нашата соработка.

Здружение на слепи лица – Тетово

[Best_Wordpress_Gallery id=”34″ gal_title=”Tetovo2″]