По повод Меѓународниот ден на Белиот стап-Симболот на слепиот човек-признат од Организацијата на Обединетите Нации  15 Oктомври 2016 година , Комерцијална банка АД Скопје, во својата експозитура „Расадник“ во Општина Кисела Вода, постави траки-водичи за слепи лица. Со овие траки лицата со делумно и со целосно оштетен вид ќе можат побрзо и целосно самостојно да ги завршуваат своите обврски во експозитурата „Расадник“.

Од досегашната соработка меѓу Комерцијална банка АД Скопје и Националниот сојуз на слепите на Република Македонија  произлегоа низа проекти со чија имплементација слепите и слабовидните лица се во можност поефикасно да ги завршуваат своите потреби како во просториите на Банката така и преку електронското банкарство. Траките водичи се уште еден чекор кон создавање услови за целосна интеграција на слепите лица и нивно рамноправно и самостојно учество во секојдневното извршување на обврските.

Комерцијална банка планира поставување на траки-водичи уште во неколку свои експозитури и филијали кои се посочени како најфреквентни од страна на слепите лица.