Претставници на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија како дел од Меѓународната Браjoва Шаховска Асоцијација ИБЦА зедоа учество на Изборното Собрание на ИБЦА кое се одржа на 25.06.2017 година во сала Билјана, хотел Метропол.

На Генералното Изборно Собрание на ИБЦА учествуваа 27 земји учеснички на 15-та ИБЦА Меѓуанродна шаховска олимпијада за слепи и лица со оштетен вид 2017, како и преку интернет мрежата учество зеде и Аргентина која е дел од големото семејство на ИБЦА.

На генералното Изборно собрание на ИБЦА се избра новото раководство кое во наредниот мандатен период од 4 години ќе биде на чело на Федерацијата. Досегашниот претседател на ИБЦА германецот г-дин Лудвиг Бутелхолф по 25 години 2 месеци и 4 дена на чело на ИБЦА беше прогласен за почесен претседател на ИБЦА.

За нов претседател на ИБЦА беше избран докторот на науки од областа на компјутерскиот инжинеринг г-дин Др.Чарудата Јадхав од Индија.

На изборното собрание се усвои и глобалната програма за работа која беше предложена од новиот претседател индиецот Др Чарудата Јадхав за периодот 2017-2021 година.

[Best_Wordpress_Gallery id=”192″ gal_title=”nssrm6″]