Здружението на слепите лица  од Кочани  во соработка  со Регионалниот сојуз на слепи лица од Благоев град  НР Бугарија повод 15 Октомври  Меѓународниот  ден на белиот стап – симбол на слепиот човек на ден 15.10.2018 година заедно го одбележаа овој ден во ресторантот ,,Антика,,во општина Делчево. На настанот присутствуваа околу сто  членови од двете организации. На присутните имаше обраќање  секретарот од локалната самоуправа од општина Делчево кој ѓи поздрави и им посака многу здравје а истовремено истакна дека  како локална самоуправа ќе се погрижеме да го зголемиме  вниманието на потрбите и проблемите со кој секојдневно се соочуваат слепите  лица. На самиот настан  беше поставена и мини изложба на тифло-технички помагала  кои се од голема важност за  слепите и слабовидните лица. Се надеваме дека настанот привлече внимание за понатамошна успешна комуникација и дружење на членовите  помеѓу двете организации. Настанот беше проследен од локалните телевизии од општина Кочани и Делчево.

Секретар Гордана Велкова

[Best_Wordpress_Gallery id=”286″ gal_title=”Kochani20″]