Фебруарското, четврточно дружење на жените, членки од Здружението  на слепи и лица со оштетен вид, се одржа на 11.02.2016 година.Дружењето го збогатија и осум членки од Здружението ” Вешта жена”,кој дојдоа да се дружат и лично, да се заблагодарат на нашата учесничка во манифестацијата на “Вешта жена” воедно , да ги охрабрат и другите слепи жени на ваквите и слични учества.

Во рамките на одбележувањето на јубилејот 70 години од постоењето на Здружението, и Националниот Сојуз на слепи на Република Македонија,здружението на слепи и лица со оштетен вид, во содејство со НССРМ организираше крводарителска акција,под мотото “Пријателите на слепите за заедницата”.     Акцијата се одвиваше во просториите на  Сојузот при деловната зграда на Ул 29 Ноември во Скопје.На сите крводарители, кој ја покажаа својата хуманост на тој ден,жените членки од здружението им подарија по една мартинка,изработени во различни форми во работилницата на Здружението од рацете на слепите жени,.Поклопувањето на крводарителската акцијата со 1 Март, ден кој од минатото  се памети по врзувањето на мартинки, кој ја навестуваат пролета,ја освежи нашата меморија, со нешто убаво,не потцети на нашето нематеријално културно богатство,кое во Македонија во многу аспекти го имало а ние, треба само да ги продолжиме тие традиции.Се верува дека белата и црвената боја,конци од која се изработуваат мартинките,се бои кој ја означуваат среќата и светлината,на животот ,и дека мартинките не се купуват туку се подаруваат.       Токму затоа нашите членки сакаа да возвратат со подарување,да се потцетат на вредностите преку кој особено помладите ја изразуват   креативноста.

Весело и со добро расположение,жените членки на Здружението  на слепи и лица со оштетен вид,го одбележаа и прославија 8-Ми  Март,мегународниот ден на жената.Прославата се организираше во ресторантот “Македонска куќа”,со присутност на 68 жени, а поради лошите временски услови многу од поканетите  не дојдоа.Со богато мени и музички бенд  со широк опус и репертоар кој ги задовли и најистенчените музички вкусови , членките  со игра и песна   , доживееја  прекрасни емоции.Секоја членка беше израдувана со скромен подарок. На забавата бевме почестени со краткотрајното присуство на членовите од Лајонс клубот “Кале”, кој доделија на сите присутни по едно снимено цеде,  новели од Снежана Липковска “Хотелски стории”.Нашата членка Чаушевска Цветанка понесена, баш од пријатните емоции им подари на присутните по една роза.

Во пресрет на 8-Март ,претседателката Петровска Благица,посети некои од членките кој не беа  во мжност да дојтат на прославата и при тоа, им додели осмомартовски подароци.Сакавме на било кој начин и нашите членки да бидат опватени со осмомартовското расположение.