По повот големиот јубилеј 70 години од постоењето на Националниот сојуз на слепи и Здружението на слепи и лица со оштетен вид Скопје,на 05.10.2016 година ја реализиравме еднаш откажаната активност насловена како “10 минути во светот на темнината“.Иако за жал од поканетите гости не не удостоија баш поблиските соработници,сепак со голем број на гости и наши членови ја реализиравме активноста и ја постигнавме целта.Сите присутни гости со задоволство ги ставија темните наочари и пробаа 10 минути да се стават на местото на слепиот човек,да ја почувствуват темнината и потполно да го разберат слепиот човек и како тој го поминува секојдневието .
Како, и дали може тој да научи да гледа без осетот за вид,како може да ги трансформира и активира сите свои останати сетила во посебни способности.Сакавме ,да се стават гостите во ситуација на слеп човек и од нивна перспектива да предвидат што треба да направи другарот пријателот,општеството како и дали може да помогне на слепото лице ,не од материјален аспект не поради некоја бенифиција,туку само да покаже респект и почит према инвалидитетот без сожалување на личноста,да го привати како пријател соговорник во се како рамноправна индивидуа.Колку значи видот,дали може секој во кавич со музика по сите стандарди,да го слушне неговиот другар-соговорник и да му возврати,колку ни недостига погледот за да разговараме,со поглед да си пратиме порака и со поглед да си кажиме нешто.Активноста ни беше замислена и реализирана така што, на маса со четири столици да седат наши членови со секој од гостите ,ставени во потполно иста ситуација, гостите со наочари и во мегусебна пријатна комуникација да го испијат своето кафе или сок.Најавтентично и сликовито го опиша своето чувство Г-ѓа Ребека,која дружејки се со нашата членка Прокопенко Андријана, седнувајки на масата со ставени наочари,ја опипа целата маса и предметите што стоеја на неа, стварајки една перпектива за околината но, при симнувањето на наочарите рече дека воопшто не ја замислувала така масата, просторот и околината.Колку напрегање и со каква концентрацја треба слепиот човек да го поминува секојдневието за да долови и восприеми се она што го опкружува. Но сечулните лица кој почесто се дружат со слепите и ги познавата нивните квалитети ќе ќажат за нив дека“ срцето од очите подобро гледа ,очите гледат но срцето е видовито“. Се надеваме дека и сите други гости подобро ќе ги сватат проблемите и потребите на нашите членови,и секој од свој аспект ќе допринесе за подобрување на условите на слепиот човек.
Здружението упатува голема благорадност кон Г-дин Зоран менаџер на кафичот “АТК Премиум клуб“ каде што ја реализиравме нашата активност.