Национален сојуз на слепи на Република Северна Македонија Ви се обраќа како единствен легитимен претставник на повеќе од 2570 лица со оштетен вид во земјата се со цел одбележување на 15 Октомври-Меѓународниот ден на Белиот стап-СИмболот на слепиот човек-признат од Организацијата на Обединетите Нации.
Белиот стап не е само симбол на слепиот човек тоа е и сообраќаен знак.
Ви се обраќаме по овој повод до вас, до јавноста, до граѓаните со една единствена цел Ве потсетуваме дека ние сме тука секојдневно до Вас.Ние сме Ваши соседи, роднини, пријатели.Бидејќи секому може да се случи.Никој не е имун.
Воедно Ве потсетуваме барем еднаш годишно да направите комплетен офталмолошки преглед.Грижете се за здравјето на Вашите очи.
Имено Ве потсетуваме барем еднаш во годината да направите нешто за себе за Вашето здравје со тоа што ќе посетите офталмолог за комплетен офталмолошки третман.Кога последен пат ги проверивте Вашите очи?
Кога последен пат направивте нешто за себе, за здравјето на Вашите очи?
Ако редовно одите на фризер, на козметички третмани и се грижите за Вашето тело, спортувате, редно време е да го направите тоа и за Вашите очи, за истите и понатаму да продолжат да го гледаат одразот во огледалото.
Одете на офталмолог барем еднаш годишно.Освестете се дур не биде премногу доцна.Затоа што она што очите го гледаат не се опишува со зборови. Помогнете си себеси.Ќе ве чини 10 мин од Вашиот ден, но ќе ве чини вид за цел живот.
Во време на светска пандемија кога сите бевме сведоци на карантини и полициски час, потсетуваме дека голем број на лица со потполно оштетен вид го живеат своето карантинско секојдневие постојано.Дека на нив, не им е невообичаено да се по цели денови затворени во домот, само затоа што не можат сами да излезат да прошетаат.Уште еднаш упатуваме апел за редовни офталмолошки прегледи.
НССРСМ е светилник на патот на слепите лица.Светлина на патот на лицата со оштетен вид.
15 октомври- за поголема свесностз а здравјето на Вашите очи.