Составот на членството во Здружението на слепи и лица со оштетен вид Скопје, е мултиетнички и тој се разликува како по старосната структура, по вероисповета, образованито, материјалниот  статуст, културата,  начинот на живеење и други различности, кој здружението ги почитува, и настојува,  членовите соодветно да ги вклучи во активностите на годишните програми.

Различностите се богатство за било каква форма на здружување,со нив се надополнуваме , учиме да се почитуваме и толерираме,што  доведува до подобар соживот и благосостојба. Во пресрет на големиот муслимански празник Рамазан Бајрам и годинава Здружението обезбеди одредна количина на колачи,и како што е редот посети неколку семејства од муслиманска вероисповед. Но, поради одалеченоста на местото на живеење ,поголем дел од членовите беа повикани во седиштето на Здружението ,каде што претседателката Петровска Благица, на сите нив честитајќи им го празникот им ги подели колачите. Ова година беа опватени членовите кој не примиле предходните години. Се надеваме дека активноста ке се практикува и понатаму, со што секоја година ке се доделуват на  членови. што предходно не добиле.Задоволни сме од количината на дел од донаторите и од нивната позитивност,беа изненадени од идејата дека здружението,  подеднакво  се посветува на сите членови.Празниците се денови кога е изразена сплотеноста  кога побогатиот треба да подели и подари на посиромашниот,и како што велат: Големата среќа доаѓа од небото, а малата од човекот ,среќата не треба да биде самотен чин  треба да се сподели.

Голема благодарност  и честитки за празникот и до слаткарниците: Шехерзада,Малага,Рекорд Баклава и Апче , кој ни помогнаа на ваков начин  да им го честитаме празникот на нашите членови.

Здружението им го честита празникот Рамазан Бајрам и на сите останати членови,  им посакува многу среќа и добро здравје.