Здружението на слепи лица Охрид по повод Велигденските празници на своите членови им додели прехрамбени пакети.
Пакетите беа набавени во соработка со ЈП “Градски Пазар“Охрид. Традиционално веќе повеќе години ЈП“Градски пазар“ Охрид организира Велигденски Базар и со средствата кои се собираат донираат прехрамбени пакети за Здружението на Слепи и Здружението на Глуви од Охрид. Се надеваме дека оваа соработка ќе продолжи и понатаму ,а со тоа и ќе продолжиме да им помагаме на нашите членови кои имаат потреба од ваков вид на донација.