Националниот сојуз на слепите на Република Македонија за претставниците: Државни прваци во шах како и тим лидери и капитени на тимовите кои зедоа учество на 15-та Меѓународна шаховска олимпијада за слепи и лица со оштетен вид 2017 од 27 земји учеснички, на слободниот ден согласно правилата и прописите на ИБЦА за организирање на ваков настан, организираше и спроведе еднодневна екскурзија со брод до Свети Наум.

Делегациите воедно ги посетија и Билјанините Извори. Слободниот ден беше одлична можност за претставување на градот Охрид на странските делегации и посета на познатите туристички локалитети.
За подобро претставување на градот Охрид се погрижи овластен туристички водич, додека пак за безбедноста на здравјето на странските делегации се покрижи тим на Црвениот крст на град Скопје кои се наши верни пријатели.

[Best_Wordpress_Gallery id=”194″ gal_title=”nssrm7″]