Здружението на слепи лица на град Кавадарци по покана Сојузот за спорт и рекреација на инвалиди на Кавадарци зема учество на шаховскиот турнир кој по трет пат се одржува во нашата Општина. Покрај натпреварувачите, на турнирот беа присутни и советници од Советот на Општина Кавадарци како и претставници на локалната самоуправа.

Овој шаховски турнир се организира по повод 3-ти Декември – Меѓународниот ден на лицата со инвалидност.

На турнирот учество земаа по два претставника од Здружението на слепите лица – Кавадарци, Здружението на цивилни инвалиди од војната – Кавадарци, Здружението на лица со телесен инвалидитет – Мобилност Кавадарци и Здружението на глуви и наглуви – Кавадарци. На наше големо задоволство, првото место на турнирот го освои претставникот од нашето здружение – Миле Атанасовски, а вториот претставник – Благоја Јошев, го освои четвртото место.

Голема благодарност изразуваме на престедателот на на Сојузот на спорт и рекреација на инвалиди на Кавадарци за поканата и за самата организација со што ја покажавме сплотеноста за сите активности од заеднички интерес.

Претставници на Здружението на слепите лица – Кавадарци, по покана на градоначалникот на Општина Кавадарци – г-дин Александар Панов, присуствуваа на средба по повод 3-ти Декември – Меѓународниот ден на лицата со инвалидност.

На средбата градоначалникот Панов ги запозна присутните со проектите кои ги спроведува Општината за лицата со инвалидност, а посебен акцент стави на изградбата на деловни простории за здруженијата на лицата со инвалидност, а со тоа и за нашето Здружение. Тој истакна дека изградбата е во завршна фаза и дека во скоро време деловните простории ќе бидат ставени во функција. Исто така, градоначалникот Панов го истакна и прокетот за изградба на лифт во зградата на Локалната самоуправа и во неколку основни училишта во Кавадрци.

На средбата, претседателката на Здружението на слепите лица – Кавадарци, г-ѓа Султана Јошева му предложи на градоначалникот Панов изградба на пешачки тактилни патеки и поставување на звучни семафори во централното градско подрачје, се’ со цел, да се олесни слободното и самостојно движење на слепите лица во Кавадарци.

[Best_Wordpress_Gallery id=”26″ gal_title=”Kavadarci1″]