Националниот сојуз на слепите на Република Македонија и честита на Комерцијална Банка АД Скопје за своите заложби кои ги прави во Република Македонија како лидер во финансискиот сектор за слепите лица. Имено Комерциајлна Банка АД Скопје е единствена банка во Република Македонија која го признава печатот како потпис на слепите лица ширум државата.
Во ракмите на проектот За исти права и можности се создаде адаптирано решение за електронското абнкарство за слепите лица кое им овозможува на лицата со целосно или делумно оштетен вид им се овозможува самостоен пристап и олесното користење на банкарски услуги на услугата на Интернет банка, отварање на трансакциска сметка, и вршење на други трансакции.
Меѓу другото Комерциајлна Банка АД Скопје е единствена финансиска институција-банка лидер во земјата која овозможува обуки за користење на електронско банкарство за слепите и слабовидни лица од целата територија на државата, за користење на услугата електронска банка, работење со тековна сметка, користење сефови и др.
Комерцијална банка АД Скопје на годинашното осмо по ред доделување национални награди за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатија во 2014 година, го освои престижното признание за Најинвентивна практика, што се доделува за прв пат, во конкуренција на 50 проекти. Признанието за Најинвентивна практика за проектот „За исти права и можности“, како и единствената статуетка во категоријата „Односи на пазарот“за големи претпријатија, за истиот проект, доделена и е на Комерцијална банка за адаптираното решение за електронско банкарство. Со ова решение на лицата со целосно оштетен вид им се овозможува самостоен пристап и олеснето користење на услугите на Банката, а за таа цел беа одржани и обуки за сите заинтересирани слепи лица од повеќе градови од републиката. Проектот беше реализиран во соработка со Националниот сојуз на слепи и слабовидни лица и Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија.
Проектот „Семеен центар за жртви на насилство“, реализиран во соработка со Х.Е.Р.А и Град Скопје, а предложен во категоријата „Вложување во заедницата„ оваа година беше награден со плакета во конкуренција од 21 проект на големи претпријатија.
„И двата наградени проекти, се развојни и се реализирани во соработка со засегнатите страни и здруженија на граѓани. Воедно претставуваат нов пристап кон решавање и ублажување на проблемот со кој се засегнати целните групи. За успешна реализација на проектите од општествена одговорност најголем придонес дадоа вработените во Банката со својата креативност и вонреден ангажман„, објаснуваат од Комерцијална банка.
Националната награда за најдобри општествено одговорни практики е подржана и финансирана од Министерството за економија и кофинансирана од Европската унија преку проектот „Општествена одговорносот за сите„ и Бизнис Конфедерацијата на Македонија.