На 24.04.2016 година Лајонс клубот “Хераклеа“ во комплексот Градско шеталиште во Битола го отвори првиот Македонски Лајонс парк посветен на слепите лица и лицата со оштетн вид. Лајонс паркот го птвори гувернерот на Лајонс дистриктот 132 Македонија, Г-дин Звонимир Цветановски, на свеченото отворање присуствуваше претседателот на Здружението на слепи лица Битола Г-дин Владе Димитровски, стручниот соработник-секретар администратор на Здружението на слепи лица Битола М-р Лилјана Корлевска, како и голем број на членови на Здружението на слепи лица Битола.
Во своето обраќање претседателот на Здружението на слепи лица Битола се заблагодари до сите Лајонси од градот Битола како и на сите спонзори кои помогнаа во реализацијата на овој проект, како и од името на сите членови на Здружението на слепи лица Битола го искажа огромното задоволство од реализацијата на првито Лајонс парк во Битола наменет за слепи лица и лица со оштетн вид, се заблагодари на беспрекорната досегашна соработка помеѓу Здружението и Лајонс клубовите од Битола, со надеж дека во иднина таа уште повеќе ќе се зголемува и зацврстува. Исто така кажа дека овој парк ќе претставува катче во кое слепите лица ќе уживаат, ќе се одмараат и ќе претстојуваат, и тоа не само тие туку и нивните пријателикои посебно при високите дневни температури ќе можат да одседнуваат под ладовина.