За Здружението на слепи и лица со оштетен вид Скопје 13 Ноември е многу значајна дата,поради тоа што користиме можност и нашите членови со организирањето на меѓународниот шаховски турнир да се вклучат во одбележувањето на ова историска дата. Чествувањето на празникот 13 Ноември, денот на ослободувањето на градот Скопје и за нашите членови претставува чест, уште повеќе што пред учесници од други држави ја изразуваме нашата сентименталност, поврзаност со нашиот гради што, со ваква голема активност се приклучуваме кон прославата на 13 Ноември.Меѓународниот шаховски турнир 13 Ноември е зацртан и во програмата на градот Скопје како активност преку која се одбележува големиот ден 13 Ноември.
Турнирот се играше три дена почнувајки од 11.11.до 13.11.2016 година.Се играше во салата при деловната зграда на Здружението. Од сите поканети учесници од странство , поканата не ја прифатија учесниците од Нови Сад кој до минатата година ни беа наши редовни учесници.Турнирот се играше по швајцарски систем,според ФИДЕ,со темпо на играње од 50 минути по играч,со додаток од 10 минути по потег,почнувајки од првиот потег.Наградниот фонд изнесуваше 20.000,00 денраи.На турнирот се доделија и други парични награди,обезбедени од Лајонс клубот“Светлина“, и од ученици на школата “ Александар Тодоровски Цанко- Ламјата.Првите пет најдобро пласирани од машките и првите три најдобро пласирани од женските учесници добија,пригодни и вредни подароци од асортиманот на “Алкалоид “ АД Скопје.На турнирот учествуваа 32 машки и 7 женски жахисти.Се играше посебно машкиот од женскиот турнир.Турнирскиот одбор го сочинуваа шахистите;Костадиновски Зоран,Владимир Тракаљанов и Вулин Млорад.Турнирот го водеше судијата Кочовски Иван ,наш долгогодишен пријател, со помошникот Оливер Органџиев.Турнирот го прогласи за отворен градоначалниокот на град Скопје Г-дин Коце Трајанов,кој финасиски го потпомогна и реализирањето на турнирот.
Месец Октомври, внесе уште една голема радост кај нашите членови.Имено,во соработка со градот Скопје,поточно оделението за спорт при Собранието на град Скопје,се отворија две спортски сали за нашите членови.Во средното училиште “Михајло Пупин“ поранешно Коце Металец во Автокоманда, една од постоечките сали со содветни димензии и површина комплетно е опремена за голбал играта,а друга сала е опремена со спортски реквизити ,патеки за движење,статични точоци ,пинк понг табли и други реквизити принаменети за слепи и лица со телесен инвалидитет.Секој од членовите што сака да ги користи овие реквизити за лична релаксација, за развивање на психовизичката состојба, па и за дружење на поинакво ниво,во ова стресно и динамично време,може секој Вторник и Четврток од 19 часот, самостојно или договорено со група да ги посети салите и да ужива со своите пријатели.Здружението на слепи бескрајно им благодари на Градоначалникот на Собранието на град Скопје Г-дин Коце Трајанов и оделението за спорт,што се потрудија и изнајдоа решение за тоашто ние како членство подолго време го баравме.Благодарни сме и за тоа што, пристапот околу салата ќе биде одбележан со тактилни бетонски патеки за полесно движење на нашите членови.