Националниот сојуз на слепите на Република Македонија во изминатиот викенд од 23.11.2018 година до 25.11.2018 година во соработка со своите партнер организации Сојузите на слепи од Р.Српска, Србија, Бугарија-Регионална организација-Софија, Црна Гора и Албанија како и финансиерот на проектот Европскиот сојуз на слепите-чија полноправна членка се наведените организации органиираше и спроведе Меѓународна конференција Предизвици, потреби и услови на професијата физиотерапевт кај лицата со оштетен вид во Земјите од Западен Балкан.

Меѓународната конференција се одржа во Струмица, хотел Есперанто.
На меѓунаордната конференција присутни гости, но и активни учесници беа, претставници на спјузите на слепи на вие 6 држави, физиотерапевти, масери-терапевти,стручни лица,доктори-физијатри.
На истата беа присутни и советникот од одделението за социјална заштита при Министерството за труд и социјална политика г-дин Зоран Блажевски и директорот на Државното училиште за рехабилитација на деца и малдинци со оштетен вид Димитар Влахов од Скопје Др.Горанчо Јаќимов.
На истата имавме претставник и од специјалните рехабилитациони центри на земјите од регионот.
Свое стручно предавање одржаа Проф.Др.Елизабета Попова Рамова која говореше за предлог проект за вработување на физиотерапевти со високо образование и оштетен вид  и Др.спец.Бојан Тодоровки кој говореше за Длабоки венски тромбози кај пациенти на физиотерапија.Имобилизација-Ризик за тромбоза.
Во рамките на меѓународната конференција се одржа и прес конференција за медиуми за презентација на Прирачникот(Предизвици, потреби и услови на професијата физиотерапевт кај лицата со оштетен вид во земјите од Западен Балкан) кој беше издаден ворамките на истата а кој е издаден во сите достапни формати за слепи лица(браево писмо, електронски прирачник, аудио формат) како и црн тисок за сечулни лица.На истата конференција се презентираа и 6те извештаи за состојбата на слепите физиотерапевти во земјите од Западен Балкан.
На меѓународната конференција имаше и претставник на Европскиот сојуз на слепите, благајник г-дин Фелипе Чазал кој меѓудругото говореше и за уреденоста на професијата физиотерапевт кај лицата со оштетен вид во Франција.
Како завршни заклучоци кои ги изведовме од межународната конференција се следните:
1.Залагање за специјализирани училишта за слепи лица(бидејќи истите располагаатсо соодветен стручен кадар но и соодветна техника), но и можност за избор истовремено доколку некое лице сака да се школува во инклузивно образование во редовните училишта.
2.Сите книги,учебни помагала и достапна литература да биде испечатена на Барјово писмо, аудио формат или пак како електронска книга достапна за оваа категорија на лица во ним достапен формат.(предвиденот со Договорот од Маракеш кој се залагаме да го потпишат и ратификуваат сите земји вклучително и Република Македонија).
3.Залагање за отстранување на сите форми и облици на дискриминација со цел на пошироката јавност да и се укаже дека слепите лица физиотерапевти можат рамноправна да работата во оваа професија со видните лица
4.Достапност на аудио формати на апаратите кои се користат при физиотерапија.
5.Достапност на нова модерна и напредна технологија во струката
6.Залагање против сите облици на сегрегација во општеството.
7.Да се организираат  во национална и во меѓународна организација на слепите физиотерапевти во Земјите од Западен Балкан се цо цел заедничко и организирано делување пред институциите на системот.
8.Воведување на отворен ден за граѓанството со цел слепите физиотерапевти на тој ден да нудат бесплатни услуги до пошироката јавност за да покажат дека и тие знаат и умеат.
9.Во земјите да се воведе функционален модел на рехабилитација односно модел кој што може
10.Индивидуален пристап кон секој слеп физиотерапевт
11.Добра соработка со локалната заедница да слепите лица се вработуваат во местата каде живеат
12.Да се организира меѓународна конференција на Европско ниво
13.Оваа конференција да епрв чекор кон подобро уредување на професијата физиотерапевт кај лицата со оштетен вид, а не заклучок на истата.
14.Меѓународна организација на слепи физиотерапевти.

Благодарност до сите за поддршката!

[Best_Wordpress_Gallery id=”298″ gal_title=”nssrm15″]