Музички смотри 2020

Музичките смотри при Националниот сојуз на слепите на Република Македонија претставуваат традиционална програмска активност со која НССРСМ го поттикнува развојот на духовната култура кај слепите лица кои негуваат љубов кон традиционалната песна и ора.

На ова манифестација се изведуваа песни од слепи инструменталисти и вокални солисти од богатото македонско народно творештво.

Во музичкиот бенд кој ги пратеше вокалните изведувачи членуваат и активно допринесуваат слепи и слабовидни лица.

Станува збор за слепи и слабовидни  лица академски музичари.Целта на ова манифестација е да се покаже на светот дека и со слепило се може.Дека слепилото е состојба, а не болест…

Истите се одржаа на 23.12.2020 година во концертната сала на Домот на хуманитарните организации на Македонија Даре Џамбаз во Скопје под посебни протоколи за заштита и спречување на Корона Вирусот Ковид 19, овој пат без публика согласно протоколите донесени од Владата на Република Северна Македонија, почитувајќи ги сите мерки за заштита. Од истите беше изработен видео материјал.За првите три места кај вокалните солисти следуваше парична награда и диплома за освоено место, додека кај категоријата инструменталисти следуваше парична награда и благодарница за учество.

Навистина оваа манифестација го развива богатото културно творештво но и креативниот дух кај лицата со оштетен вид.

По повод истата манифестација се распиша конкурс за избор на музички композиции за учество на манифестацијата МУЗИЧКИ СМОТРИ 2020. Конкурсот траеше од 09.10.2020 година до 31.10.2020 година. На истиот пристигнаа композиции во две категории вокални солисти и во категорија инструменталисти.

По разгледување на повеќе од 20 композиции и нумери од исто толку изведувачи, Националниот сојуз на слепи на Република Северна  Македонија преку интерна жири комисија одлучи да се натпреваруваат 8 композиции во категроријата на вокални солисти и 3 изведувачи во категоријата на инструменталисти.

Бендот составен од слепи инструменталисти во текот на месец октомври, ноември и декември 2020 година ги подготвуваше композициите со кои изведувачите настапија.

На 23 декември 2020 година согласно пропозициите на стручното жири во состав (Надица Јовановска, Мирсада Бакиќ и Силвана Стојанова наставници по музичка теорија и педагогија и членови на здружението на слепи и лица со оштетен вид на град Скопје и како и членка на здружението на слепи лица на општина Струмица -членка на НССРСМ) , се одлучи за следново во категоријата на вокални солисти:

  • Прво место од стручно жири Стојче Арсовски од Скопје со песната Сношти минав покрај вази
  • Второ место од стручно жири Ферит Селим од Охрид со песната Ако згрешам нека изгорам
  • Трето место од стручно жири Беркант Асановски од Куманово  со песната Свирете ми чалгии

Додека во категоријата на инструменталисти се додели награда од стручното жири за освоено на:

  • Џавит Асани од Дебар Разгигран чочек
  • Трајче и Стојче од Тетово Мозочна прошетка

За сите натпреварувачи следуваше и соодветна плакета.

Националниот сојуз на слепи на Република Северна Македонија преку оваа традиционална музичка манифестација го негува богатото македонско народно културно творештво, но и натпреварувачкиот дух кај лицата со оштетен вид.

Станува збор за академски музичари професионалци.

 

[Best_Wordpress_Gallery id=”399″ gal_title=”muzicki2020″]