Ги информираме корисниците на гласовите Кико и Сузе на Андроид дека проблемот со неправилното читање на латиницата од нивна страна за кој напишавме минатата недела е надминат во рамки на официјалната апликација РХ Војс, така што сите оние корисници кои се соочиле со него и примениле некој од алтернативните начини за привремено да го надминат тој проблем можат слободно да се вратат на официјалната апликација, да ја инсталираат повторно и без проблем да продолжат да ја користат.
Доколку некој има потреба од помош со повторното враќање на официјалната апликација, може да го следи упатството што го имаме напишано за инсталација на овие апликации за Андроид или да се обрати до најблиското здружение за дополнителна поддршка.