Интегрален текст на ЕСИ Радио
Во склоп на новогодишната програма Радио ЕСИ направи и новогодишно интервју со претседателот на НССРСМ, Жарко Селковски. Со интервјуто ги опфативме сите активности што беа реализирани во 2021 година, како и ја најавивме 2022 година и планираното во неа. Претседателот ги пренесе најважните пораки што во моментов се релевантни за потребите на лицата со визуелна попреченост и најави година полна со активности пред нас. Патем, Радио ЕСИ се заблагодарува на довербата во 2021 година, на масовната слушаност на радиото како и посетеноста на нашиот јутјуб-канал, којшто веќе надмина 10.000 прегледи за нецела година постоење. Ви посакуваме среќни новогодишни и божиќни празници и останете со нас и во наредната 2022 година.