Здружението на слепите лица од Кочани заедо со гостите од Благоевград Република Бугарија го одбележаа Меѓународниот ден на белиот стап – симболот на слепиот човек. Средбата се одржа во село Јакимово во црквата ,,Јаким Осоговски,,. Гостите беа поздравени од членот на нашето здружение Столе Иванов , претставникот од музејот Теракота од Виница накратко ѓи запозна присутните за историјатот и знаменитостите на локалитетот а пота се одржа трибина на тема ,,Шекерна болест како причина за појава на слепило,, на која предавач беше Др. Мирко Анакиев.
На средбата членовите на нашето здружение и членовите на сојузот на слепите на Благоевград ѓи презентираа проблемите со кои се соочуват во секојдневниот живот ,за начин за нивно решавање преку општеството и др.
Од средбата членовите упатија апел јавноста да се запознае за поголемо социјално вклучување и интегрирање на слепите лица во потесната и пошироката општествена заедница.
Настанот беше проследен од старана на локални медиуми.