На 15 Октомври 2015 година во просториите на Здружението на слепите лица во Кочани, по повод одбележување на Меѓународниот ден на белиот стап – симболот на слепиот човек беше организирано и успешно изведена работилница на тема Вработување на слепите лица под заштитни услови, Правата за слепите лица од здравство и социјална заштита.
На средбата присусуствува претставници од Центар за вработување Кочани, Центар за социјална работа Кочани и многубројното членство. Одбележувањето има цел да ја зголеми свеста за придобивките кои ќе произлезат од интеграцијата на слепите лица во секој аспект на политичкиот, социјалниот, економскиот и културниот живот. Исто така беше поставена и изложба на повеќе тифло помагала кои ги користат слепите лица. Одбележувањето на 15 Октомври – Меѓународен ден на слепите лица има цел да го промовира разбирањето, да ја мобилизира подршката за достоинството, правата и благосостојбата на слепите лица. Настанот беше проследен од старана на локални медиуми.