На 15 Октомври 2015 година во просториите на Здружението на слепите лица во  Кочани, по повод  одбележување на Меѓународниот ден на белиот стап – симболот на слепиот човек беше организирано и успешно изведена  работилница на тема Вработување на слепите лица под заштитни услови, Правата  за слепите лица од  здравство и  социјална  заштита.

На средбата присусуствува претставници од Центар за вработување Кочани, Центар за социјална работа Кочани и многубројното членство. Одбележувањето има цел  да ја зголеми свеста за придобивките кои ќе произлезат од интеграцијата на слепите лица во секој аспект на политичкиот, социјалниот, економскиот и културниот живот. Исто така беше поставена и изложба на повеќе тифло помагала кои ги користат слепите лица. Одбележувањето на 15 Октомври – Меѓународен ден на слепите лица има цел да го промовира разбирањето, да ја мобилизира подршката за достоинството, правата и благосостојбата на слепите лица. Настанот беше проследен  од старана  на локални  медиуми.

[Best_Wordpress_Gallery id=”16″ gal_title=”Kochani1″]