По повод 15-ти Октомври – Меѓународниот ден на Белиот стап, Здружението на слепи лица Битола организираа трибина и марш по битолскиот Широк Сокак. Целта на одбележувањето на овој ден е со цел да и се укаже на пошироката јавност за проблемите и специфичниот начин на живот на кои наидуваат слепите и слабовидите во нашето општество.
Тема на трибината беа можностите и местото на слепите лица во опшеството, поволности и потреба за вработување на слепите лица, проблеми и решенија на слепите лица од инфраструктурен и општествен проблем, капацитети и можности за прифаќање и инклузија на слепото лице во опшественото живеење.
Гости говорници на отворената трибина:
Г-ѓа Лидија Шушак – Агенција за вработување
Г-дин Стевче Костадиновски – Претседател на Здружение на Слепи Лица Битола
Г-дин Драги Филевски – поранешен гувернер на LIONS DISTRIKT 132 Macedonia
Г-дин Благој Шаклевски – советник во советот на Општина Битола