Комисијата за активност на жените во Здружението на слепи и лица со оштетен вид  Скопје и годинава ја организираше манифестацијата „Кршење на лепче со паричка“. По повод Стара Нова година на ден 13-ти Јануари, како почеток на сите активности, сите жени кој вообичаено се собираат на дружење секој четврток во месецот, но овој пат во поголем број се собраа и ја прославија Стара Нова година.

За пофалба беше старата кума која имаше подготвено многу вкусна храна и која со убава здравица, за многу здравје и среќа, го предаде кумството на друга кума, која догодина треба да ја продолжи традицијата. Во салата се почувствува големо спокојство и мир по кажувањето на молитвта „Оче наш“ пред кршењето на лепчето, за кое претседателката на комисијата Стефановска Барбара секогаш апелира, да се почитуваат и да се пренесуват на помладите генерации обичаите и начинот на прославувањето. Забавата ја збогати и музичкото трио „Алтан“, кои свиреа евергрини по мерак и желба на сите присутни. Уште еднаш се покажа дека жените се похрабри и поистрајни во остварувањето на активностите, бидејќи временските услови беа доста неповолни со големи мразови и температура под 15 степени, но сепак тоа не ги поколеба и со успех се одржа манифестацијата. Посакуваме во 2017 година многу такви успешни средби и дружења.