Здружението на слепи лица Охрид во почетокот на месец јуни беше домаќин на матурантите од школото за слепи деца од Софија Бугарија. Исто така во текот на овој месец ЗСЛ Охрид беше и домаќин на гости ос Сојузот на слепи на Црна Гора ,поточно на членови на Здуженијата на слепи лица од Подгорица,Бар и Котор.
Како добри домаќини им овозможивме посета на културно историските споменици како и просетка со брод по Охридското езеро.