Следејќи ги своите програмски цели, Здружението на слепите лица од Кочани организира разни активности, а вообичаено во месец Јули традиционално се одржуваат Петровденските средби по повод патрониот празникот на град Кочани. Повеќегодишната успешна соработка на нашето здружение со Сојузот на слепите лица од Благоевград и овој пат се оствари на едно високо ниво со исполнета агенда.

Средбата се одржа на 09.07.2017 год. во Кочани каде присутните претставници од здруженијата имаа можност да ги споделат своите искуства, да се запознаат со работата на здруженијата да се информираат и да споделат примери за тоа што го имаат постигнато во сопствената земја и да научат како со заеднички сили можат да постигнат повеќе права. На средбата присусуствуваа  претставници од Националниот сојуз на слепите на Република Македонија, Спортската федерација на слепите на Република Македонија, Градоначалникот на Општина Кочани  и членови од повеќе здруженија на слепите од РМ. Настанот се надгради со телевизиски медиум на локалната телевизија за која гостите дадоа изјави исполнети со имресии за настанот до следно скорашно видување.

[Best_Wordpress_Gallery id=”210″ gal_title=”Kochani12″]