Здружението на слепи лица на град Неготино на ден 10.06.2019г. (понеделник)одржа пријателски шаховски турнир на слепи и слабовидни лица . На турнирот земаа учество екипите од Неготино како домаќин,Кавадарци и Кочани,а почесни гости беа претставници од Здружението на слепи лица на град Велес ,како и Претседателот г-ин Жарко Селковски и Секретарот на НССРМ г-ин Стерија Димов .
Шаховскиот турнир се одржа во дворот пред просториите на Здружението на слепи лица на град Неготино кој го отвори Претседателот на Здружението на слепи лица на град Неготино г-нот Тони Караев, кој на сите присутни им се заблагодари кои земаа учество на овој шаховски турнир,а воедно му се заблагодари и на Градоначалникот на Општина Неготино кој ја потпомогна оваа шаховска игра. На крајот од овој пријателски шаховски турнир на сите учесници и почесни гости им беа доделени благодарници.