Националниот сојуз на слепите на Република Македонија на ден 18.09.2019 година (среда) одржа Промоција на АУДИО КНИГАТА ОВА НЕ Е КРАЈ како и на изданијата на проектот АУДИО КНИГИ ЗА СИТЕ Звучно списание ПАНОРАМА.

На промоцијата се обрати Министерот за култура на Република Северна Македонија Др.М-р.спец.Хусни Исмаили како и претседателот на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија г-дин Селковски Жарко.
На промоцијата покрај обраќањата се одржа и промоција на удио делата, како и се слушнаа фрагменти од Звучното списание ПАНОРАМА и од аудио книгата ОВА НЕ Е КРАЈ.
Изданијата се достапни на првата онлајн аудио библиотека за сите веб платформата на Национален сојуз на слепите на Република Македонија.
На промоцијата беше укажано за важноста од потпишување и ратификување на Меѓународниот Маракеш договор склучен помеѓу Светската органзиација за интелектуална сопственост и Светскиот сојуз на слепите кој на слепите лица, но и на лицата кои имаат проблеми со држење на стандардно четиво, разбирање, итн… им ги дава овој меѓународен договор како меѓуанродна конвенција која го дава основното човеково право ПРАВОТО ДА ЧИТААТ, право на информирање.
Аудио книгата ОВА НЕ Е КРАЈ како и изданијата на Звучното списание ПАНОРАМА во рамките на проектот АУДИО КНИГИ ЗА СИТЕ како и Браевото списание НАШ ЗБОР за 2019 година се финансиски поддржани од Министерството за култура на Република Северна Македонија преку програмата за финасирање на проект од национален интерес во културата во областа на литературната и издавачката дејност за 2019 година.

[Best_Wordpress_Gallery id=”352″ gal_title=”nssrm20″]