Членовите од Здружението на слепи лица на град Неготино беа на еднодневна прошетка на ден 04.08.2019г.(Недела) во местото с. Ореше каде што посетија дел од убавините на ова село.
Прво се посети манастирот Св.Ѓорѓија и убавите конаци а исто така беше посетена и црквата Св.Ѓорѓија по кое што е познат и овој манастир. Подоцна групата се упати кон Орешките водопади кои се сместени во густите шуми во пределот под Солунска Глава. Воодушевени од глетката и чистиот воздух членовите се задржаа повеќе во овој дел. Навраќање поминавме низ с.Богомила каде што се посети Римскиот Мост а потоа го прошетавме и градот Велес.
Исполнети од убавините на оваа прошетка се вратија во родниот град.