Оваа година по повод трети Декември светскиот ден на инвалидите Здружението на слепи лица на град Неготино го одбележа овој светски ден со членовите со една мала закуска и коктел на кој што до членовите се обрати Претседателот на Здружението Тони Караев со мал говор. Исто така тој ги информира членовите за измените во законот за социјална заштита на инвалидните лица и ги замоли да бидат единствени да нема поделба помеѓу нив.

Исто така по повод 3 ти Декември  Здружението на слепи лица на град Неготино беше посетено од страна на пратеничката во Собранието на Република Македонија г-ѓа Павлинка Честојанова на кое беа изложени незадоволствата од страна на членовите по предлогот за новиот закон за социјална заштита на овие лица.

Исто така Претседателот и Секретарот на Здружението остварија разговор и со пратеникот во Собранието на Р.Македонија  г-нот Ристе Ташев каде што се разговараше околу новиот предлог закон за социјална заштитана овие лица и ни вети дека ќе го разгледа убаво овој закон па се надева дека ќе има позитивен исход околу него.