Членките од  Здружението на слепи и лица со оштетен вид – Скопје, на 6-Март го прославија меѓународниот ден на жената 8-Март.Годинава по трет пат,прославата се организираше во ресторантот “Македонска куќа“,ресторант кој со своето реноме, услужливост од келнерите и посебно, пристапот кон нашите членки ,го привлече нашето внимание.Максимално расположени со добра музика и забава, меѓусебно дружење,пријатни разговори со оние што подолго време не се имат видено,членовите поминаа прекрасна вечер, која како енергија ќе потрае подолго.Евидентен е фактот дека нашите членови најмногу се опуштени кога се на заеднички дружења,како што вели и највеселата мегу нив, на ова вечер Наде Шукуровска,“Сум била весела и на свадби, но тука расположението ми е на највисоко ниво,меѓу моите“.

Тоа ,со респект го потврдија и многуте други гости, кој водушевено потпрени на гелендрите од ресторантот на вториот кат, посматраа како се веселат и играт нашите членови.Репертоарот од стандардната музичка група, која ги погодува и најприбрливите музички вкусови и овој пат преку песната, предизвика многу пријатни и носталгични емоции.Покрај вкусната вечера членките од Здружението добија и симболичен подарок.

Иако на почетокот од 20 век, кога се родила идејата ,за понатаму  да се утврди и датумот за одбележување на овој празник,значела борба на  жената за економска ,политичка и социјална рамноправност со мажите,изместеното значење не ја менувава целта од социолошки карактер.Не, е некаков натпревар или изедначување со машката популација,но од социолошки аспект секаков вид на дружење на ова целна група е повеќе од потребено.Сметаме декаставката внесена, во програмата и финасовиот планкако трошок за прославата на 8-Март, е сосема оправдана бидејќи трошоците се направени за мнозинство од членството.

Нека им е среќен празникот и на жените што не беа на прославата,и сите понатамошни денови да им бидат весели и среќни како 8-Март.

Секретар

Коцева Алтана

[Best_Wordpress_Gallery id=”234″ gal_title=”Skopje26″]