Членови од здружението на слепите лица-Кочани на ден 02.06.2016г на покана од општинската организација на Црвен Крст – Кочани присуствуваа на работилницата на тема “Стоп за рамнодушноста-да ја поттикнеме хуманоста” која се одржа во салата на Локалната Самоуправа во Кочани. Целта на работилницата беше да се направи пресек и презентација на следниве активности за која е поставена организацијата на Црвениот Крст како што е спречување и ублажување на човековото страдање каде и да е, да го заштити животот и здравјето, да обезбеди почит и достоинство за човековото битие, особено за време на вооружени конфликти, несреќи и катастрофи, да работи на превенција на болестите и напредување на здравствена и социјална добросостојба на луѓето, да поттикне доброволно ангажирање и постојана подготвеност за давање помош, како и универзално чувство за солидарност и хуманост.

Едукацијата ја спроведоа волонтери од Клубот на млади при Општинската организација на Црвен Крст – Кочани. Членовите беа задоволни и истите се здобија со поголеми знаења за хуманоста.