На 28.06.2017 година по изиграни 9 кола по Швајцарски систем на Шаховска игра дојдовме и до свеченото затворање на 15-та Шаховска олимпијада за слепи и лица со оштетен вид 2017 година организирана од страна на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија, Националната спортска федерација на слепите на Македонија и Меѓународната Брајова Шаховска Асоцијација ИБЦА, а под генерално покровителство на Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија, Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија и Претседателот на Република Македонија, секако со неизмерна поддршка и од нашите ценети помагатели: Општина Охрид, Град Скопје, Дрисла-Скопје ДОО, Пивара Скопје, Алкалоид АД Скопје, Кожувчанка Кавадарци, Лајонс Дистрикт Македонија 132, Македонски Олимписки Комитет и Црвениот крст на Град Скопје, кои допринесоа Шаховската олимпијада да биде на највисоко можно ниво за настан од тој ранг, а нашата држава како домаќин да биде претставена во најдобро светло.

https://youtu.be/JFAtcTZ9F_Q

Најдобри на Шаховската олимпијада со освоено прво место и златен пехар беа репрезентативците на Русија, второто место и сребрен пехар и припадна на Украина, додека третото место и бронзен пехар на 15-та Шаховска олимпијада за слепи и лица со оштетен вид 2017 и припадна на репрезентацијата на Полска.

Им честитаме на најдобрите, а на нашите генерални покровители и помагатели искрено им се заблагодаруваме за несебичната и неизмерна поддршка која ни ја дадоа за што подобра организација на 15-та Шаховска олимпијада за слепи и лица со оштетен вид 2017.

Final Ranking after 9 Rounds

Rk. SNo FED Team Team Games   +   =   –  TB1  TB2  TB3
1 1 RUSSIA RUS 9 8 0 1 16 281,5 28,5
2 2 UKRAINE UKR 9 6 1 2 13 246,5 26,0
3 4 POLAND POL 9 6 1 2 13 219,5 23,0
4 3 SERBIA SRB 9 6 0 3 12 219,0 23,5
5 6 GERMANY GER 9 5 2 2 12 180,5 21,0
6 5 SPAIN ESP 9 5 1 3 11 165,5 19,5
7 19 INDIA IND 9 5 1 3 11 155,5 18,5
8 24 AZERBAIJAN AZE 9 4 2 3 10 160,0 20,5
9 8 VENEZUELA VEN 9 5 0 4 10 144,5 18,0
10 12 LITHUANIA LTU 9 4 2 3 10 137,5 19,0
11 13 BULGARIA BUL 9 4 2 3 10 129,0 19,0
12 18 ITALY ITA 9 4 2 3 10 129,0 17,0
13 16 UNITED KINGDOM UK 9 4 1 4 9 154,5 19,0
14 9 MACEDONIA MKD 9 4 1 4 9 152,5 19,5
15 10 ROMANIA ROU 9 4 1 4 9 108,5 17,5
16 11 SLOVENIA SLO 9 3 2 4 8 128,0 16,5
17 14 SWEDEN SWE 9 2 4 3 8 120,5 18,0
18 15 HUNGARY HUN 9 3 2 4 8 108,5 15,5
19 20 NETHERLANDS NED 9 3 2 4 8 89,0 16,5
20 23 MOLDOVA MDA 9 3 2 4 8 71,5 15,5
21 7 MONTENEGRO MNE 9 3 1 5 7 114,0 13,5
22 17 CROATIA CRO 9 3 1 5 7 99,0 14,5
23 22 TURKEY TUR 9 3 1 5 7 71,0 14,0
24 21 DENMARK DEN 9 2 3 4 7 53,5 12,5
25 25 SOUTH AFRICA RSA 9 1 3 5 5 52,0 11,5
26 27 KOSOVO* KOS 9 1 2 6 4 32,0 8,0
27 26 GREECE GRE 9 0 1 8 1 11,5 2,5