На ден 29.05.2016 година Здружението на слепите лица од Кочани организираше еднодневен излет за своите членови во посета на Лесновскиот Манастир. Во раните утрински часови , 63 члена на здружението со автобус  тргнаа на излет  во весело и убаво  расположение.   Во текот на денот  членовите имаа можност  да го   разгледаат  манастирот  и целиот манастирски  комплекс  со убаво уредениот манастирски  двор. Сакајќи да им ја доближиме убавината и духовното богатство од овие простори од нашата земја ,заедничкото дружење на нашите членови продолжи со посета на манастирот  Св. Спириндон Чудотворец  кој се наоѓа во близина на Злетово.

Со прошетка и меѓусебно дружење ,воскитувајќи се на прекрасните природни убавини на ова место  неизостана  и посетата на Злетовскиот рибник.  Зедничката  средба  на членовите од  здружението  беше потпомогната  со финансиски сретства  од  спонзорите   ИГМ-Кочани, Осоговка,  печатница   Генекс  и конфекција  Амор  . За сите присутни  ова  беше  убав  ден со надеж  дека ќе се повтори заедничката  дружба,a убавото сончево мајско време придонесе за релаксирана атмосвера на членовите.