На 25 Октомври во салата на ресторантот  Журнал во Скопје се одржа манифестацијата “Етно вешта жена“. Започнатата соработка со Здружението “Вешта жена“,ја продолжуваме и понатаму.По нашето прво учество во  месец фебруари годинава на манивестација “Вешта жена“наша учесничка се пријави односно, беше побарано нивното учество и во ова манивестација “Етно вешта жена“.Убаво е секогаш да се потцетуваме на  традицијата и корените,  да не се заборават сите адети,обреди и начини на одбележување на православните празници.Манивестацијата имаше тематско одбележување. Беа поставени маси со посни бадникови јадење и симболи за бадник и посебно маса со  јадења кој се приготвуваат за божик.

Во концепцијата на манивестацијата имаше импровизирани адети за месење на коледарски колачи и дочек во утринските часови на коледарчиња,кој го најавуваат доаѓањето на најголемиот христијански празник, раѓањето на Исус Христос.Нашата членка Кентровска Душанка се претстави со два оригинални специјалитети, кој се приготвувале  токму на овие празници.Пита со тиква и куглов со сланина и пилешко месо.Сите приготвени јадења беа продадени по пат на лицитација.Двата специјалтета од нашата членка постигнаа висока цена и посебно ни е мило што го зголемија приходот , кој беше наменет за хуманитарни цели.Нашите членки се весели по природа,сакат да се дружат и да шират познанства и од секое вакво дружење стекнуваат новипријатели со кој понатаму комуницираат.Тоа е и целта на здружението,што поширока лепеза на активности,толку повеке можности за себе- спознавање,истакнување на личните способности и колективно претставување како целна група.

[Best_Wordpress_Gallery id=”141″ gal_title=”Skopje13″]