Дружбата и соработката на членките од Здружението на слепи од Скопје, со Здруженеито од “Вешта жена“ продолжува и на наше задоволство,тоа треа и за време меѓу сите манивестации.Редовни учесници сме како во натпреварувачкиот дел така и во дел со учества како подржувачи на нашите преставнички на сите манивестации,а тие исто така не дружат на нашите месечни состаноци,на прославите за 8-март, на 13 Јануари кога организираме кршење на лепче,приредби за дечињата за нова година и многу други поводи што заеднички ги прославуваме и се дружиме.На 16 Октомври се организираше Манивестацијата “Етно вешта жена“ каде што учествуваше нашата членка Кентровска Душанка.
На трпезата имаше изложено многу традиционални јадења но сепак постарата популација од присутните, со носталгија се потцетија на традиционалното јадење “Топеница“ које се приготвува со пченкарно брашно месено во лепче, издробено и измешано со сирење или чварки, истото приготвено од рацете на нашата членка.Манивестацијта имаше ревијален карактер,но иако без наградување по се можеше да се заклучи дека приготвеното од нашата членка привлече најмногу внимание.Како, и секогаш Душанка имаше голем број на подржувачи од нашето здружение,но и пријатни споделувања со останатите присутни.Манивестацијата беше пропратена и со учество на дечиња кој изработуваа свој мини експонати,кој беа ставени на продажба, а истите промовираа и едно нова комуникација ,налик на некогашното допишување со непознато другарче. Нешто повеќе да се пренесе од нашите членови во фамилиите и да се потикнат на некој нови идеи и останатите дечиња.
Нашите членки, секогаш се расположени за нови познанстава и дружења,и со свои лични финансиски трошоци се спремни да подржат било каква активност до колку се работи за учество на наши членови.Секогаш апелираме дека треба да се отвараме пред јавноста,ако сакаме таа да се запознае со нашите квалитети и повеќе да не цени.
Секретар
Коцева Алтана