Екипа од најактивни членки од Здружението на слепи и лица со оштетен вид Скопје и годинава, учествуваа на женската трка,која се одржа на ден 01.04.2018 година.Иако прогнозите за тој ден најавуваа врнежливо време, нашите членови не ги исплаши тоа и беа спремни дури и по такво време, или пак со заштита од чадори да ја остварат својата намера и да бидат дел од најпозитивната трка.Авецена женската трка е во организација на Сојуз на спортови на Скопје,а под покровителство на град Скопје.Како се зголемува бројот на вкупните учесници во трката,кој минатата година достигна до 1.500 жени ,така се зголемува и бројот на учесничките од нашето Здружение.На трката учествуваа припаднички од женски пол,без возрасно ограничување.Трката имаше натпреварувачки карактер.
Трите најдобро пласирани во генерален пласман , и трите најдобри пласирани по возрасни категории добија пригодни награди.На трката и предходеше загревање со аеробик вежби со музика за опуштање,а после трката следуваше прогласувањето на најдобрите и лотарија со извлекување на најсрекните стартни броеви.Иако, за учеството на трката се плаќа поединачна котизација од 250 денара,нашите учесници беа ослободени од плаќање.Во поздравот, од организаторот на трката беа спомнати некој од учесниците на трката,но со посебен нагласок дека на трката учествуваат жени од Здружението на слепи и лица со оштетен вид од Скопје.Годинава се одржуваше 6-тата по ред авецена женска трка,но ние како Здружение учествувавме по 4-ти пат.Се надеваме дека интересот за ова манивестација, како и за сите други јавни презентации на нашите членови се повеќе ќе расте.
Секретар,
Коцева Алтана