По повод големиот христијански празник Великден, Здружението на слепи лица – Битола традиционално и оваа година организираше Велигденска трпеза во просториите на Здружението каде што слепите жени – членки на здружението, приготвија разновидни традиционални велигденски јадења со кои докажаа на јавноста дека слепата жена многу добро се снаоѓа во кујната и може самата да приготви доста вкусни јадења.
Настанот го следеа локалните телевизиски медиуми.