Организирањето на излет,како планирана годишна активност од членовите на Здружението е најочекуван. Здружението внимателно ја одбира дестинацијата за реализирање на ова активност, со цел да се задоволат критериумите и очекувањата на членовите кој ке бидат присутни.Сметавме дека Дојран е идеално место во овие Септемвриски денови,кога сонцето може да се искористи за максимално опуштање и уживање.Времето ни беше наклонето,па сите присутни уживаа на свој начин. Започнувајки го денот од утрото ,со најубавото изгрејсонце,шетајки по широката и безбедна стаза,украсена со цвеќиња и палми,вкусувајќи го најдобро припреманото крапче,во ресторантите покрај бргот на езерото, пливајќи во топлата и благодетна вода на езерото до зајдисонце и вечерната забава,на која сете обожаватели на народната и забавната музика заграа и се потсетија на некој евергрини.
Излетот, се реализираше без партиципација од членовите,со целосна реализација од Здружението.Затоа се почитуваше одлуката да бидат повикани исклучиво членовите кој имат платено чланарина за 2016 година.Тоа е единствениот механизам за сега, со што ќе се испочитуват членовите кој чувствуваат обврска спрема здружението, и ќе се опоменат членовите кој не плаќат чланарина.Со секоја уплата на чланарина се подобрува финансиската состојба на Здружението, и дава можност за планирање и реализирање на нови активности.
Излетот се организираше на 17 и 18 Септември со три автобуса.Сите автобузи беа двокатни, пријатни за патување и со комоција при сместувањето,што овозможуваше секој член уште од почетокот на излетот да си одбери друштво,а сите од членовите со остаток на видот и придружници да уживат од вториот кат на автбусите во панорамското разгледување на патот од Скопје до Дојран, посебно поминувајки низ Вардарската долина.
Ова активност иако е најскапа за реализацијапланирана, е во секоја годишна програма,поради масовноста и опватноста на членовите со ниски месечни примања,на членови кој сакат дружења,а за сите нив претставува дводневна релаксација и акумулирање на пријатни, подолготрајни сеќавања.
Претседателката Петровска Благица,пред повеќемина од присутните на излетот истакна дека, до колку домаќински се трошат средствата,и секој од нас си ја исполнува обврската спрема Здружението ќе има можност за повеќе вакви дружења.