Незаборавните наслови на романи „Време на црвените рози“,„Пиреј“, „Пасквелија“, „Големи и мали“, „Прличев горд самиот“, „Црно семе“, „Гоце Делчев“, „Автобиографија на Григор Прличев“ и „Крпен Живот“, пренесени на аудио звук на ЦД издание. Од денес во рамки на охридската библиотека „Григор Прличев“ функционира звучна библиотека, проект кој го уреди новинарот Милчо Јованоски, а носител е Елена Долоска, која се јавува како наратор на ЦД изданијата и Сузана Стојкоска исто така во улога на наратор, како што појасни директорката на установата Александра Белевска Танеска. Танеска додава дека ЦД примероците не се за комерцијална упоптреба односно дека можат да ги изнајмат сите лица кои членуваат во градската библиотека.

„Денеска го промовиравме проектот звучна библиотека, проект првично наменет за лицата со оштетен вид, меѓутоа и за сите граѓани во Охрид. Во изминативе три години библиотеката работеше на овој проект изработен 2014, 2015, 2016 год. Јас верувам дке и во следниот период овој проект со кој аплициравме и за наредната година ќе ни биде одобрен од Министерството за култура“.
Уредникот на овој проект Милчо Јованоски истакна дека на овој проект потрошил три години од неговиот живот и нежали поради тоа бидејќи како што пренесува, преку овој проект се гради нова слушателска или читачка публика.
„Се раководев како уредник на овој проект од тоа пред се да се опфатени роднокрајни автори приближувајќи се на крупна дата 7 децении од првата детска книга, поемата „Мице“ на Ванчо Николески. Планирав ….како велиме, секогаш публиката почнува од рани детски години да се чита и да се создава до пензионерските, затоа опфаќавме во секој конкуриран дел за секоја година, по една детска книга, потоа одевме со белетристика или читани и популарно романи“
Во секој проект обработени се по 33 ЦД примероци или по 100 во секоја година, што значи библиотеката има на располагање 300, од кои дел одат во Националната библиотека во Скопје, дел уште денес беа подарени на Сојузот на слепи лица од Охрид.