Националниот сојуз на слепите на Република Македонија претставува национална инвалидска организација, непартиска, непрофитна, доброволна, организација од особено општествено значење.

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија преку своите 17 општински и меѓуопштински здруженија на слепи лица се грижи за 2550 слепи и слабовидни лица почнувајќи уште од нивно откривање преку центрите за социјална работа, упатување на школување, помош при образование, стипендирање, изработка на книги и стручна литература на Брајово писмо, на Звучна техника ним  достапна, преку помош при вработување, адаптација на работното место, културно-социјален живот, описменување на Брајово писмо, осамостојување за самостоен живот и слично.

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија претставува единствен легитимен претставник на повеќе од 2550 слепи и слабовидни лица од целата територија на државата.

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија оваа година го прославува големиот 70 годишен јубилеј, 7 децении Визија за Светлина, 7 децении Ништо за нас-Без нас, 7 децении – Светлина на патот на слепите лица, 7 децении Симбол на постојаниот стремеж и непебол за достоинствен живот, 7 децении Темел во современата македонска држава.

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија во годината во која го одбележуавњме големиот 70 годишен јубилеј беше домаќин на 24-та седница на Балканскиот Консултативен Комитет на Европскиот сојуз на слепите.

24-та седница се одржа во периодот од 21-23.06.2016 година во хотел Арена Тетекс, Попова Шапка, Тетово.

На седницата присуствуваа претставници на следниве земји членки на Балканскиот консултативен комитет: Република Македонија како земја домаќин, Република Србија, Република Албанија, Молдавија, Романија, Република Турција, Косово како земја набљудувач, Црна Гора, Босна и Херцеговина, итн.

На 24-та седница на Балканскиот консултативен комитет на Европскиот сојуз на слепите се разгоовараше за состојбата на слепите лица во поедините земји членки, но се разговараше и за повеќе актуелни теми како за одржаната седница на Бордот во Германија, подготовки за Генералното Собрание на Светскиот сојуз на слепите, подготовки за организирање на Конференција за физикална медицина и рехабилитација како и потесна соработка на членките на Балканскиот Консултативен Комитет на поедини проекти.

Согласно однапред утврдениот акционен план државите учеснички одлучија наредна година земја домаќин на 25-та седница на Балканскиот Консултативен Комитет биде Република Турција.