Во рамките на реализација на активности предвидени со Локалниот акциски план за лицата со инвалидност на Општина Велес, веќе осма година по ред, Општина Велес на членовите на Здружението на слепите лица на Општина Велес целосно го поддржува проектот „Запознај ја својата татковина – еднодневна едукативна екскурзија“. Оваа година беше избрана крајната дестинација Лешочки манастир, а попатно беше посетен кањонот Матка.

На 25.09.2016 година, 63 наши членови, придружници и пријатели, уживаа во убавините на кањонот Матка каде во волшебната атмосфера која го пружа ова место го испивме утринското кафе и уживавме во магијата на ова тивко место.

Според планот на рутата, го продолживме патот кон Лешочкиот манастир, каде нашите членови ги посетија црквите „Св. Атанасиј“ и „Св. Богородица“, како и гробот и спомен собата на Кирил Пејчиновиќ  кој е еден од најпознатите македонски преродбеници од XIX век, и се запознаа со историјата на овој комплекс.

Во манстирскиот комплекс беше послужен ручек за нашите членови, и пријатната атмосфера на ресторанот Лешок, членовите ја искористија за пријатно дружење.

На крајот од денот, се вративме полни со енергија и задоволство, и побогати за уште едно доживеано место од многуте кои ги нуди нашата земја.

    [Best_Wordpress_Gallery id=”125″ gal_title=”Veles7″]