Националниот сојуз на слепите на Република Македонија Ви се обраќа по повод 10.октомври-Меѓународниот ден на Видот со апел до сите вас да направите барем еднаш годишно комплетен офталмолошки преглед.Едноставно е заштитете го Вашето здравје.Прегледот ќе ве чини 20 минути од вашиот ден од вашата година, но ќе ви заштеди многу средства и ќе го сочува здравјето на Вашите очи.Рабудете ја свеста.Бидејќи болестите на очите не се некаде далеку, тие се тука, ансекаде присутни околу нас.Ги демнат нашите најдраги, дечињата, родителите, соседите, пријателите, семејството, колегата од работа, случајниот минувач покрај улица,…Едноставено е…Секому може да му се случи.Упатуваме апел дека ние сме тука меѓу вас.Дека ние не гледаме со очите, но ние гледаме со срцето.Подадете ни рака.Замислете само еден миг без да можете да ја видите насмевката на вашите најдраги, да не знаете како изгледаат, да претпоставувате за тоа како изгледа сонцето, а како морето е небесно плаво, …
Ова е најзначаен датум во важност за подигнување на свеста за здравјето на очите, Кога за последен пат направивте комплетен офталмолошки преглед?Кога тоа го направија вашите колеги, вашите пријатели, Вашето семејство можеби?Ајде да направиме еден предизвик и да се обидеме да ги охрабриме другите да направат комплетен офталмолошки преглед.Затоа што нашата статистика ни говори дека со стареењето на популацијата, миопијата и дијабетичната ретинопатија ќе го зголемат процентот на население со оштетен вид во декадата која ни доаѓа.Глаукомот не знае за возрасна граница.Погледете наоколу погрижете се за вашите очи.Повеќе од билион луже во светот не мижат да видат убаво бидејќи немаат пристап до очила, Уште денес закажете го вашите комплетен офталмолошки преглед кај врвните професионалци.