Националниот сојуз на слепите на Република Македонија (НССРМ) во соработка со Националната спортска федерација на слепите на Македонија (НСФСМ) и Меѓународната Брајова Шаховска Федерација (ИБЦА), под генерално покровителство на Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија, Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија и Претседателот на Република Македонија, а во соработка со своите помагатели: Дрисла ДОО Скопје, Алкалоид АД Скопје, Општина Охрид, Лајонс Дистрикт Македонија 132, Пивара АД Скопје, Кожувчанка, Македонскиот Олимписки комитет и Црвениот крст на град Скопје, има особена чест и задоволство да биде домаќин на најпрестижното меѓународно натпреварување „15-та ИБЦА Шаховска олимпијада за слепи и визуелно хендикеппирани лица – 2017“ која ќе се одржи во периодот од 18-29.06.2017 година хо Хотел Метропол, Охрид.

