Заради обезбедување подеднакво учество на слепите лица во културниот живот со другите, Здружението на слепите лица од Кочани презема активности за пристап на овие лица до местата за културни настани како што се музеи, манастири, кина, театри, споменици и локалитети од национална културна важност. На ден 28 Мај (недела) 2017 година, Здружението направи посета на локалитетот 15–те ТИВЕРИОПОЛСКИ МАЧЕНИЦИ, во градот Струмица со заедничка придружба на членовите од Струмичкото здружение со кое имаме долгогодишна соработка.

Во текот на денот беше посетен и манастирскиот комплекс: манастирот СВЕТИ ЛЕОНТИЈ познат како ВОДОЧА И ВЕЉУСА во кое живее женско и машко сестринство кои го претставија историјатот на манастирскиот комплекс како и археолошко наоѓалиште кое го опкружува. Ова беше ден кој ќе остане да се памети и со радост ќе се сеќаваме, бидејќи чуството беше прекрасно од убавините кои можеа да се видат во овој крај. За време на заедничкиот ручек прокоментиравме за убавините на Струмица, за посетеноста и многу други работи кои ни оставија впечаток со желба повторно да се вратиме. А фотографиите што ги објавуваме се најдобра слика за амбиентот и атмосферата во која се одржа и помина оваа меѓуопштинска средба.

[Best_Wordpress_Gallery id=”185″ gal_title=”Kochani11″]