Во рамките на своето 7 децениско постоење, во 2016 година кога го славиме големиот 70 годишен јубилеј на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија, истовремено Здружението на слепи лица Битлола можи да се пофали исто така со своето 7 децениско постоење, имено на 04-ти Ноември 1946 година се основа Дом на слепи лица со седиште во Битола, со што практично и административно тоа се почетоците и основањето на Здружението на слепи лица Битола кои токму според историските записи и акти коинцидираат со денот на градот Битола.
Формирањето и работењето на оваа организација придонесе слепите лица да се наметнат како активен субјект кој дава иницијативи врз основа на согледување на состојбите за развивање, надоградување и проширување на нивниот опсег на дејствување. Денес Здружението на слепи лица Битола како најстара организација за Слепи лица во Р.Македонија го промовира здружението и неговите членови во духот на мирот, разбирањето и потребите на слепите лица и лица со оштетен вид.
Целта на одбележувањето на овој голем јубилеј е да дадеме скромен допринос во пишувањето на една вкупна историја на социјалната политика како и на другите активности во нашата држава. Упорноста и истрајноста што ја покажаа слепите лица и лица со оштетн вид во нивната организација во текот на овој седум децениски период на работење, покажува дека целите доколку се оправдани, можат порано или подоцна со успех да се реализираат.
На одбележувањето на овој доста значаен јубилеј како за нашето Здружение така и за нашиот град присуствуваја голем број наши членови, како и претставници од нашиот град во Собранието на Р.Македонија од двете најгилеми политички партии во нашата држава и тоа:
Г-дин Зоран Илиоски и Г-ѓа Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ- Битола
Г-дин Васко Ковачевски и Г-ѓа Јулијана Силјановска од СДСМ-Битола
На настанот присуствуваја и голем број советници од Советот на Општина Битола, кои ја слушнаја историјата на нашето постоење, како и предлозите и барањата на нашите членови, и ни ветија подршка за инклузија и активно вклучување на слепите лица и лица со оштетн вид во опшественото живеење, и беа едногласни дека Колку и да е направено- секогаш можи и повеќе.
Горди сме што организирањето и школувањето на лицата со оштетн вид во Македонија започна токму од Битола.
За одбележувањето на овој 7 децениски јубилеј организиравме и коктел за присутните, каде гостите се послужија со затворени очи со единствена цел на момент да го почуствуваат животот без вид.
Пораката од оваа долгогодишна борба, особено кога станува збор за така тежок инвалидитет како слепилото е: НИКОГАШ ДА НЕМА РАЗОЧАРУВАЊЕ, СЕКОГАШ ДА ИМА УПОРНОСТ И ИСТРАЈНОСТ.