По повод муслиманскиот празник Бајрам, Здружението на слепи лица – Битола традиционално и оваа година организираше Бајрамска трпеза во просториите на Здружението каде што членовите од муслиманска вероисповест приготвија баклава и останати традиционални јадења препознатливи за овој празник. Здружението на слепи лица е организација во која членуваат лица од различна вероисповед на кои најважно од се’ им е добрата дружба и добриот муабет кој го имаат помеѓу себе, тие секоја година во чест на овој голем муслимански празник организираат ваква трпеза со која се дружат и ги потврдуваат меѓусебните добри односи.