Лого на НССРСМ

НССРСМ им ги честита новогодишните и божиќните празници на своите членови со желба за многу здравје, љубов, среќа и благосостојба за нив и нивните семејства во претстојната 2022 година.
Како што изминатата година во која заеднички со своите партнери и соработници се правеа проекти корисни за слепите и луѓето со оштетен вид, така ќе се продолжи и во идната 2022 година, во која се очекуваат уште многу проекти и позитивни поместувања кон напред, кон остварување на сите права што ги заслужуваат луѓето со оштетен вид.
Водени од изреката на Хелен Келер „самостојно можеме да направиме само малку, но заеднички многу повеќе“, продолжуваме сплотено и во новите 365 дена да ги подобруваме животите на слепите луѓе.
Уште еднаш, среќни новогодишни и божиќни празници!