Промотивна слика на Самоглас каде што пишува Самоглас насекаде. Се гледаат два телефони и слушалки. На сликата исто така се гледаат логоата на Гугл Плеј Стор и Епл Апп Стор.

Со задоволство објавуваме дека звучната библиотека на ЕСИ Радио е зголемена со 15 нови дела од различни автори и теми донирани од Самоглас.
Во оваа прилика јавно им се заблагодаруваме на Самоглас, коишто се залагаат за подобрување и олеснување на образованието на лицата со визуелна попреченост, овозможувајќи им пристап до најпознатите дела од најдобрите автори преку аудио книги со највисок квалитет. Самоглас.мк е една од првите организации со кои Радиото потпиша Меморандум за соработка и од првиот ден се тука за слушателите на нашето радио.
ЕСИ Книга продолжува со истиот термин од 17:00, од понеделник до петок и викендите на програмата на ЕСИ Радио.
Интегрален промотивен текст на ЕСИ Радио.