Почитувани,
Се чуствуваме должни како Национален сојуз на слепите на Република Македонија да Ве известиме за следново, од причини што нашата организација во изминатиот ден беше спомената во повеќе медиуми.
Имено полниот назив на нашата организација е Национален сојуз на слепите на Република Македонија или скратен назив НССРМ, а не сојуз на слепи како што е наведено.
Националниот сојуз на слепите на Република Македонија претставува национална инвалидска организација,непартиска, непрофитна,доброволна, организација од посебен јавен нинтерес и од посебно општествено значење.
НССРМ претставува единствен легитимен претставник на повеќе од 2550 слепи и слабовидни лица кои на подоброто око со корективно стакло гледаат до 10 проценти, или кои имаат оштетеност на видот поголема од 90 проценти.
НССРМ уште од далечната 1946 година се залага за подобрување на правата на оваа категорија на граѓани, како лица со најтежок вид и облик на инвалидност.
НССРМ е основана согласно Закон за инвалидски организации на РМ.
Краток историјат:
НССРМ во 2011 година заедно со тогашното Министерство за култура на РМ одлучија партнерски да отворат одделение за слепи и слабовидни лица при НУБ Св.Климент Охридски од Скопје.Што тоа значеше?Тоа значеше дека Мин.за култура на РМ отстапува простор во НУБ Св.Климент Охридски во Скопје и дека ги презема веќе постоечките тројца вработени во НССРМ во делот за брајова и звучна аудио едиција, а НССРМ ја предава сета опрема за аудио снимање (комплетно тонско студио) како и Браева машина за печатење, компјутери,сета техника и знаење на НУБ.Со тоа се надевавме дека издавањето на аудио материјали и материјали на Брајово писмо (поради скапиот начин на печатење) ќе премине целосно во раце на Мин.за култура и надлежната библиотека и дека ќе се издаваат книги за слепи и слабовидни лица, односно сите трошоци во однос на плати за вработени и издавање на книги ќе ги преземе НУБ согласно договореното и слепите и слабовидните лица ќе имаат можност за непречен пристап до информации, односно дека ќе се унапреди и зголеми печатењето на материјали.
Само за илустрација вакви специјални библиотеки како посебни правни субјекти( а не одделенија во рамките на НУБ) постојат во сите земји, како и во земјите од најблиското опкружување пример Република Црна Гора.
Она што денес се залага НССРМ е всушност ратификација на Меѓународниот Договор од Мароко (2013 година) со кој се овозможува на слепите лица основното човеково право, правото да читаат, односно им се дава можност сите публикувани материјали да бидат изработени на техника достапна на оваа категорија на лица како брајово писмо, аудио материјали,електронски книги (нешто што во развиениот свет е сосема нормално и за видните лица, а не само за лицата со оштетен вид).
НУБ презема 2011 година двајца вработени од НССРМ, а во 2014 година уште едно лице, а потоа и дополнително преку Македонски шуми презема уште едно лице(но тоа е малку за вака важно одделение).
Нашите постојани апели да се доекипира и да профункционира одделението очигледно не вродија со плод, па и она издавање на материјали кои го имавме до 2011 година, компелтно го снема.
Еднаш нема распишан тендер за брајова хартија, друг пат пропаѓа тендерот итн?
Како организација која во целост се бори за заштита и унапредување на правата на слепите лица во РМ, најодговорно тврдиме дека:
1.НУБ нема издадено ниту една аудио ниту пак Браева книга во мандатот на директор Сенка Наумовска.
Претходната директорка (Сенка ) за која од Вас дознавме дека е сменета нема објавено ниту еден тендер за набавка на хартија, ниту испечатено ниту една брајова или пак Аудио книга што јасно покажува какви биле нејзините амбиции за оваа категорија на граѓани.
Бараме од Вас или од неа самата јавно или на ТВ Дуел да ни каже која книга (кој број ИСБН, ЦИП и слично ја има издадено НУБ во нејзино време).
2.На два состаноци на кои бевме присутни највисокото ракводство на Библиотеката со неа беше лично присутен и г-дин Марко кој за жал не знаеме во кое својство беше присутен и со што неговото присуство допринесува за подобрување на работата на ова одделение, меѓудругото и за зголемување на фондот на книги достапни за слепи и слабовидни лица.
3.Претходната директорка (читалницата за слепи која е огромна просторија и во која имаше компјутери со говорен програм за читање на аудио книги) апсолутно ја затвори и ја претвори во архива, па слепите и слабовидните лица немаат каде да читаат и од така малкуте книги кои се изработени во минатото со поддршка на МТСП, Владата на РМ и други органи.
4.Лицето кое беше префрлено од НССРМ за печатење на брајови материјали на Брајов принтер со вработување во НУБ, истата директорка во време на нејзиниот мандат го има префрлено како магационер во друго одделение , а канцеларијата каде е брајовиот принтер е потполно заклучена.
Во однос на дописот во текстот каде се вели дека цитирам процесот на печатење книги со брајово писмо не е нарушен (Не интересира како се печатат тие книги кога нема хартија како прво, и второ каде се издадени тие книги за да ги поучиме нашите членови да ги изнајматза да ги прочитаат, кога во мандатот на директорката е издадена брајова книга и која(поради тоа што претпоставуваме дека како партнери со Мин.за култура но и со НУБ ќе имавме увид или пак ќе имаше некаква промоција), ЦИП број итн.)
5.НССРМ во текот на месец јуни 2018 година организираше тркалезна за Договорот од Маракеш во соработка со Европскиот сојуз на слепите и сојузот на слепите на Црна Гора (кој го споменавме претходно и кој дава можност за публикувани материјали на ова категорија на граѓани)Секако дека беа поканети претставници на НУБ кои се дел од оваа материја и секако дека немаше присутен од нивна страна (што јавно укажува на грижата на тогашното раководство на НУБ за оваа категорија на граѓани)
6.НССРМ кога се договорија со Мин.за култура на РМ за префрлање на вработените и опремата во НУБ се договорија дека НССРМ кога изработува материјали на аудио или брајова техника да има непречен пристап до одделението (бидејќи НССРМ ја предаде целата опрема) и тоа функционираше до доаѓањето на власт на директор Сенка Наумовска.
Имено таа со свои дописи бараше претставниците на НССРМ најмалку три дена по писмен пат да ја известат што ќе снимаат, како, каде, кои луѓе се потребни за таа намена) нешто што е надвор од секоја логика ако знаеме дека снимањето не може да се предвиди колку ќе трае бидејќи зависи од подготвеноста на нараторот и второ тоа не беше така договорено со Мин.за култура, но бидејќи претходно не наидовме на разбирање од страна на раководствто на НУБ(мандат на директор Наумовска) се надеваме дека во иднина ќе имаме разбирање.
Тука мораме да забележиме дека сите цд-а и потребни материјали ги набавуваше исклучиво НССРМ.(за потреби на членовите за оттргнување на информативниот мрак).
Најодговорно тврдиме дека апсолутно се надеваме дека овој информативен мрак во кои се наоѓаа сите слепи и слабовидни лица во РМ,ќе заврши.За жал, досегашната незаинтересираност на директорката Наумовска резултираше со неизнаоѓање на Светлина за оваа категорија на граѓани, повторно на нивна штета и нормално за тоа никој нема да одговара.
Апсолутно стоиме зад сето погоре изнесено.
Нашите служби ви стојат на располагање за покажување на архивски материјал доколку Ви е потребно.Исто така чекаме од претходната директорка доказни материјали (издадени книги на брајово писмо, аудио книги, набавка на хартија, цд, итн ) дека тоа што е наведено во овој наш допис не е така (нека не побие со факти бидејќи пред фактите и боговите молчат.
Искрено би сакале да можеме јавно да влеземе заедно со вас во просториите на одделението за слепи при НУБ за да видите што зад себе остави директор Наумовска во однос исклучиво на слепите и слабовидните лица од целата територија на РМ.
Исто така најостро го осудуваме споменувањето на име на наша членка(во вториот текст) и додавката (која е слепа) во било каков контекст во објавени содржини.Сите ние сме луѓе без оглед на тоа дали имаме оштетен вид или не(целосно или делумно), бидејќи ние не гледаме со очите, но затоа гледаме со срцето.Модерната терминологија користи други поими како лица со оштетен вид.
Нашите служби ви стојат на располагање во целост за било какви информации кок би ви биле потребни за понатамошни идни истражувања.
Се надеваме како правичен новинар и новинар кој е секогаш на страна на граѓаните и на маргинализираните групи ќе го објавите ова во целост.
Нека Македонија биде земја без бариери за слепите лица.Нека бидеме лидери во регионот во остварување на правата и подобрување на квалитетот на живот на лицата со оштетен вид.Бидејќи секому може да му се случи….Никој не е имун….